Се работи на реконструкција на горната училишна зграда
Се работи активно на реконструкција на горната училишна зграда во Крушево и истата е во напредна фаза.
Паралелно со реконструкцијата локалната самоуправа работи на идејни решенија и проекти за опремување, оспособување и пренаменување на овој објект кој ќе биде функционален и одржлив.
Горната училишна зграда започна да се реконструира во втората половина на 2018 година со средства од Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Во моментов на територија на општина Крушево се работи во с. Борино на резервоар за питка вода, изградба на цевковод во с. Саждево, зафаќање на води во индустриската зона „Опаленик“, а се набавија возила за отпад, за противпожарната служба и општината се подготвува за Светското првенство во параглајдинг кое треба да се одржи ова лето во Крушево.