8-ма седница на Советот на „Десет дена Крушевска Република“, силна поддршка од членовите на Советот
На 27 февруари Советот на Научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ ја одржа 8-та седница на која се разгледуваа финансиските извештаи за 2018 година, програмата и одржувањето на овогодинешното издание на манифестација.
На средбата присуствуваа мнозинството од членовите на Советот и секој од присутните се вклучи во седницата со свои прашања, сугестии и дебата за подобро одржување на оваа Манфиестација од национално значење.
По седницата градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку социјалните мрежи се заблагодари на сите членови на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ кои несебично се вложуваат во работата на организацијата.
„Добиваме силна поддршка од членовите на Советот кои сакаат да придонесат за нашата општина и за подобро организирање на Манифестацијата. Иако не бев во можност да присуствувам на седницата како претседател на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ во текот на цела година активно работиме на организирањето на оваа важна манифестација“, потенцира градоначалникот Христоски.
Седницата се одржа во просториите на Комисијата за заштита на конкуренција.