Се одржа јавна расправа за проектот „Набавка на возила за превоз на ученици во општина Крушево
Денес, 14.01.2019, во просториите на општина Крушево се одржа јавната расправата за Финансирање на проект: „Набавка на возила за превоз на ученици во општина Крушево“.
На јавната расправа беа презенирани детали од Документот за оценка на проектот “Набавка на возила за превоз на ученици во Општина Крушево“, со акцент на техничкото решение и финасиската анализа, односно трошоците за проектот, кредитниот капацитет на општината, отплатата на заемот, финансиската анализа на Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуна” – Крушево и анализата на финансиската изводливост на проектот.