Преку проект на УНДП општина Крушево ќе изработи проекти за обиколница, пат кон Мусица и локални улици

Преку проектот „Подобрување на општинските услуги“ на Програмата за развој на Обединети Нации УНДП општина Крушево ќе изработи инфраструктурни и основни проекти за обиколница, пат од манастирот Св. Преображение до местото викано Ручало и делови од улиците „Киро Фетак“, „Питу Гули“, „Нико Доага“, „Партизанска“.

За потребите на проектот УНДП веќе објави јавна набавка и повик за прибирање на понуди и истите можат да се погледнат на следниот линк:

http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=52622

За градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски овој проект ќе се започне со решавање на еден од главните инфраструктурни проблеми на Крушево.

„Преку овој проект започнуваме со процесот на решавање на дел од клучните инфраструктурни проблеми на Крушево, но и опфаќаме дел од туризмот со изградба на проект за изградба на патот кон врвот Мусица и проект за обиколница. По ова следи да изнајдеме извори на финансирање преку кои ќе се имплементираат проектите кои ќе се изработат.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

Средствата кои се обезбедени изнесуваат 30 000 евра.