Регистрирајте се на системот е-персонален данок E-PDD.UJP.GOV.MK
Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните на општина Крушево навремено да се регистрираат на системот е-персонален данок на веб сајтот e-pdd.ujp.gov.mk.
„Обврска за регистрација во системот е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по било кој основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход), заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок.“, стои во соопштението на УЈП.
Повеќе информации на следниот линк.