Работилница за развивање нов модел на управување со спортска инфраструктура
Општина Крушево со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Македонија денес (06.11.2018) во хотел Монтана Палас Крушево организира работилница на тема: Партиципативно креирање на концепт и развивање на модел на управување со спортска инфраструктура во општина Крушево.
На оваа работилница учествуваат претставници од угостителскиот сектор, параглајдинг клубови, Воздухопловната федерација на Македонија, спортски клубови и вработени во општина Крушево, а воведно обраќање имаше градоначалникот на општина Крушево.
„Сакам да потенцирам дека општината е отворена за сите и во интересе на одржливост на инфраструктурата за туризам важно е локалната и приватниот сектор да ја поделат одговорноста преку моделот за јавно приватно партнерство. На оваа работилница, сите сме еднакви и ве охрабрувам секој да го изнесе сопственото мислење и да даде предлози кои ќе придонесат за избор на најдобрите модели за управување со спортската инфраструктура, со која што располагаме, дефинирана во повеќе модели за управување со јавните ресурси.“, порача градоначалникот Христоски.