Познатиот нутриционист Цвета Динева утре гостува во градинката во Крушево
Во среда, на 7-ми ноември 2018, во градинката „Гонча Туфа“ во Крушево ќе гостува познатата нутриционистка од „ЦД Диет Клуб“ Цвета Динева.
Во градинката Динева ќе одржи предавање и дегустација на здрава храна и креативни начини на подготвување и консумирање на здравата храна.
За директорката на „Гонча Туфа“ Мери Христоска ова е одлична можност за најмладите да се запознаат со придобивките на здравата храна и од мали нозе да научат здраво да се хранат.
„Моја цел како директорка на градинката „Гонча Туфа“ преку овој настан е не само да ги научиме децата во рамките на градинката да се хранат здраво, туку и родителите да бидат запознаени за децата и дома да се хранат здраво. Затоа, утре на настанот ќе бидат присутни и родителите на децата.“, изјавува директорката Христоска.
Предавањето и дегустацијата со Цвета Динева ќе започне во 15 часот во просториите на градинакта „Гонча Туфа“.