Цвета Динева од Крушево: Хранете се вие и вашите деца здраво
Денес (07.11.2018) во градинката „Гонча Туфа“ во Крушево свое предвање одржа нутриционистката Цвета Динева и на раодителите им додели совети и одговараше на нивните прашање во однос на здравата храна.
Тимот на Динева подготви и свежи сокови кои присутните можеа да ги пробаат и да се запознаат со важноста од внесувањето на овошјето во домашното мени.
На почетокот на предавањето се обрати и директорката на градинката Мери Христоска која го изрази своето задоволство од присуството на познатата нутриционистка.