За една година долгот на општина Крушево сведен на нула, отпочнување и реализација на многу инфраструктурни проекти, развој на туризмот
Во изминатата година дена општина Крушево предводена од градоначалникот Томе Христоски го сведе општинскиот долг на нула денари, реконструираше 13 улици во градот во должина од 1 500 метри, а започна реконструкцијата на горната училишна зграда.
Реконструкцијата на улици во населените места започна од Алданци, а продолжува во село Саждево и во останатите села. Во село Борино започнува процесот за изградба на резервоар за вода, ветуван три децении.
На полетувалиштето на Мечкин Камен општината постави вештачка трева со што се подобрија условите за параглајдинг, а во текот на ноември започнува реконструкцијата на спортската сала дел од проектот преку ИПА 2 на ЕУ во износ од 500 000 евра.
За ова и за се она што беше реализирано во првата година од мандатот на Христоски погледнете ја прес конференцијата.