Засадени стотици дрва на Св. Преображение, организаторите порачуваат овој настан да стане традиција
Денес (02.11.2018) на манастирот Св. Преображение во Крушево општина Крушево во соработка со компанијата СЕКЕ и Македонски шуми засадија неколку стотици садници со дрва, а организаторите порачаа дека пошумувањето ќе стане традиција.
„Со пошумувањето сакаме да испратиме пораки за зачувување на животната средина и сакаме ова да е прва година од многу во одржувањето на настанот“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Јане Станкоски, директор на СЕКЕ, порача дека донацијата од садници е обезбедена како иницијатива од компанијата со поддршка на локалната самоуправа и Македонски шуми.
Дел од пошумувањето беше и директорот на Македонски шуми Зоран Ѓоргиев кој исто така од Крушево испрати позитивни пораки за заштита на животната средина.