Градоначалникот Христоски на затворањето на Гитар фест Крушево
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на последниот ден и затворањето на фестивалот Гитар фест Крушево во домот на култура „Наум Наумовски Борче“.
На последниот ден од овој фестивал настапуваше професорот од Србија Срџан Тошиќ кој уште од 1985 година одржува концерти и е активен на балканската музичка сцена.
Гитар фест Крушево го организира крушевчанецот Бојан Гажоски со поддршка на Министерство за култура и општина Крушево.