Петок, отворање на Инфо центар за параглајдинг и авантуристички туризам во Крушево
Овој петок (29.06.2018) во 13 часот официјално ќе се отвори Инфо центарот за параглајдинг и авантуристички туризам во центарот на Крушево.
На отворањето ќе присуствуваат градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, Директорот на Агенциајта за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски и претставници од Амбасадата на Швајцарија.
Овој Инфо центар е поддржан од општина Крушево, АППТ и Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт, а целта на Центарот е да им служи на туристите во Крушево.