Реконструирана уште една улица, директорот на Комуна најавува уште работа
Заврши реконструкцијата на 6-тата улица по ред во град Крушево. Жителите од Шула Мина добија пристоен пат за движење без кал и прашина.
Директорот на јавното претпријатие „Комуна“ Наум Илиески најавува дека реконструкциајта на улиците ќе продолжи се до доцна есен и оваа година ќе се реконструираат што е можно поголем број на улици.
„Завршивме на Шула Мина и веднаш штом се подобрат временските услови продолжуваме со другите улици предвидени во нашата програма. Ќе работиме до есен за да реконструираме поголем број на улици.“, порача директорот Илиески.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од претходната и сегашната состојба со улицата.