Градоначалникот дел од 16 регионални ревии на песни, музика и игри
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес е дел од 16-тите регионални ревии на песни, музика и игри кое се одржуваат во хотел Монтана Палас Крушево, а како организатор се јавува Здружението на пензионери од Крушево.
Во своето обраќање градоначалникот Христоски порача дека иако сите политики се насочени кон младите без знаењето и искуството на постарите не можеме да го движиме напред нашето општество.
„На нашата држава им се потребни младите и речиси сите политики се водат околу оваа група на граѓани, но без искуството на повозрасните и пензионерите нашето Крушево, нашата Македонија не можат да одат напред. Затоа ви се заблагодарувам и ве повикувам да продолжите со вашите активности, а општина Крушево ќе излезе во пресрет на се она што го подготвувате“, истакна градоначалникот на општина Крушево.
Градоначалникот Христоски од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија доби благодарница за учество на Ревијата и подарок монографија „70 години пензинерски активности за почит“
На овој настан се обрати и претседателот на Здружението на пензионери на Крушево Глигор Ангелески кој ги поздрави сите учесници и поддржувачи на настанот и оваа група на граѓани.
Регионалните ревии продолжија со песни, музика и игри во изведба на претставници од пензинерски здруженија од Прилеп, Битола, Кривогаштани, Демир Хисар, Крушево и други.