Наместо 500 000 доделени над милион денари за „Десет дена Крушевска Република“
По изборот на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ за проект од национален интерес и по иницијатива на општина Крушево за оваа манифестација се доделени бараните средства во износ од 1 170 000 денари.
Претходно, Министерството за култура додели 500 000 денари за „Десет дена Крушевска Република“.
Овие средства се рекордна сума доделена за одржување на манифестацијата, а локалната самоуправа активно работи на професионално организирање на настанот и привлекување на повеќе туристи преку истиот.