Градоначалникот учесник на семинар за туризам во Охрид
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и претставници од локалната самоуправа денес(17.05.2018) во Охрид учествуваат на семинар за туризам организиран од Министерство за економија и Свис контакт.
Од Охрид градоначалникот Христоски порача дека секое искуство и секое знаење што може да се добие за развој на туризмот е добредојдено.
„Секое мислење, искуство и знаење се важни за развој на туризмот во општина Крушево. Развојот на оваа гранка е наш приоритет и затоа земам учество за вакви настани“, изјави градоначалникот Христоски.