Дочек на Новата 2016 година на Градскиот Плоштад во Крушево
Крушево ја дочека 2016-та година.
На плоштадот Никола Мартиновски, Градоначалникот на Општина Крушево и Претседателот на Совет на Општина Крушево заедно со граѓаните и гостите ги одбројуваа последните секунди од старата година со желба за здравје и бериќет во новата.
За забавата се погрижија DJ Estephano и Марјан Стојаноски.
На плоштадот излегоа оние кои славеа во домашна атмосфера но и оние кои најлудата ноќ ја поминуваа во околните ресторани и кафулиња.
Во крушевските локали се бараше место повеќе, а угостителите велат дека забавата на гостите им е во прв план за до година повторно да се вратат.