ДЕВА – во чест на новото раѓање
Крушево е единственото место во кое се одбележува Христијанскиот празник „Дева“.
Начинот на кој се одбележува претставува атракција за туристите во градот. Модерниот начин на живеење се заканува со замирање на традиционалното одбележување на овој ден.
Цел на проектот: е негување на традицијата и збогатување на туристичката понуда во Крушево.
Содржина на проектот: Организирано тргнување на ѕвездите кои го најавуваат Христовото раѓање, од градскиот плоштад. На градскиот плоштад ќе се одвива манифестација со пригодна програма.
16:00 час – служба во храм Св. Никола, во центарот на градот
18:00 час – пригодна програма на Градски плоштад „Никола Мартиновски“
18:30 час – поаѓање на деварите