ЈАВЕН ПОВИК за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен и надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево

Врз основа на член 36 став 1 точка 5 и 15 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 202/2024), член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Сл. весник на РМ“ бр.38/1996, 9/1997,06/2002, 19/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018 и 35/2019 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 275/2019, 89/2022, 274/2022, 208/2024 и 193/2025) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите, како и други прашања во врска со спроведување на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Сл. весник на РСМ“ бр. 283/2022), Советот на Општина Крушево објавува:

Ј А В Е Н    П О В И К

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати  за избор на членови на управен и надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево

Јавниот повик се објавува за избор на членови на управен и надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево.

                ЈП „Комуна“ Крушево е јавно претпријатие за комунални дејности, основано од Општина Крушево со шифра 36.00 според НКД и веб страница https://www.komunakrusevo.mk/.

Управниот одбор на ЈП „Комуна“  Крушево брои 5 (пет) членови.

                Управниот одбор на јавното претпријатие има овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со закон.

                Управниот одбор на јавното претпријатие:

  • Го донесува статутот и ги донесува одлуките за инвестиции во јавното претпријатие,
  • Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие,
  • Ја утврдува деловната политика,
  • Ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие,
  • Одлучува за употребата на средства остварени со работењето и покривање на загубите,
  • Ги донесува одлуките за инвестиции,
  • Ги утврдува цените на производите и услугите,
  • Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие,
  • Го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените,
  • Врши други работи утврдени со актот за основање и статутот на јавното претпријатие и
  • Го избира и разрешува директорот и заменик директор на јавното претпријатие врз основа на јавен конкурс.     

Надзорниот одбор на ЈП „Комуна“ брои 3 (три) членови.

                Надзорниот одбор врши контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие.

                Надзорниот одбор задолжително ги прегледува тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работа и по прегледувањето му дава мислење на управниот одбор. Управниот одбор не може да ги усвои тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работењето, ако предходно не добие позитивно мислење од надзорниот одбор за контрола.

                Надзорниот одбор за контрола може да дава одобрение на актите донесени од управниот одбор, доколку тоа е предвидено со статутот на јавното претпријатие.

                Мандатот на членовите на управниот и надзорниот одбор изнесува 4 (четири) години со право на уште еден последователен мандат.

                За учество во работата на управниот и надзорниот одбор членовите ќе добиваат финансиски надоместок чија висина  со одлука ја определува Советот на Општина Крушево согласно Законот за јавните претпријатија.    

                За член на управниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
  • Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изрчена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

Кандидатите треба да имаат најмалку пет години работно искуство од кои:

  • Најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиското работење и
  • Најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.

              За член на надзорниот  одбор на ЈП „Комуна“ Крушево, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските работи или од областа на дејноста на јавното претпријатие  и
  • Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изрчена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

Кандидатите треба да имаат и соодветно  работно искуство и тоа:

  • Еден член на надзорниот  одбор треба да има најмалку 5 (пет) години работно искуство
  • Еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку 5 (пет) години работно искуство од областа на финансиското работење и
  • Еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку 5 (пет) години работно искуство од областа на правните работи.

Заинтересираните кандидати, поднесуваат пополнета пријава на образец за пријавување на јавниот повик, кој ќе биде објавен на веб страницата на Општина Крушево (https://krusevo.gov.mk/), веб страницата на ЈП „Комуна“ Крушево (https://www.komunakrusevo.mk/) и на огласна табла на Општина Крушево.  

Потребните документи можат да се достават во оригинал или копија заверена на нотар, преку Архивата на Општина Крушево, секој работен ден од 08:00 -16:00 часот,  по пошта на адреса: Општина Крушево, ул. „Никола Ѓурковиќ“ бр. 16 А, со назнака „За јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати  за избор на членови на управен и надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево “ или во електронска форма на емаил на Општина Крушево: opstinakrusevo@krusevo.gov.mk.

Рокот за доставување на пријавата трае 5 (пет) работни дена, сметајќи од денот на објавата.

Кон пријавата  кандидатите потребно е да достават: кратка биографија, мотивационо писмо и доказ за исполнување на условите објавени во повикот и тоа:

– Уверение за државјанство,

– Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,

– Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење професија, дејност или должност,

– Историјат за вработување од Агенцијата за вработување  на РСМ со евидентиран стаж, како  и  

– Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и целата поднесена документација.

– Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

Постапката на селекција на кандидатите за членови на управен и надзорен одбор на јавното претпријатие се спроведува од страна на  Комисија за селекција, формирана од Советот на Општина Крушево на предлог на Градоначалникот на општината.

           Постапката на селекција се состои од две фази, и тоа:

Фаза 1 – административна селекција,  во рок од најмногу 10 работни дена по истекот на рокот за пријавување на кандидати  и

Фаза 2 – интервју, во рок од 10 работни дена од денот на завршување на административната селекција.

Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто ќе биде објавено на веб страницата на Општина Крушево.

Комисијата по спроведената постапка, ранг листата на најмногу  10 најдобро рангирани кандидати и записникот од спроведената постапка ги објавува на веб страницата на Општина Крушево согласно Законот за заштита на личните податоци.

Комисијата изготвува предлог на кандидати за членови на управниот и надзорниот одбор на јавното претпријатие и го доставува до Советот на Општина Крушево, кој донесува одлука за именување на членови на управниот и надзорниот одбор на јавното претпријатие најдоцна 15 дена од денот на прием на предлогот.

Совет на Општина Крушево

Претседател,

           Ќемаљ Абазоски

Јавниот повик и пријавата за пројавување на интерес, може да ги најдете на следниве линкови: