Јавен повик
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско корисна работа, за работно ангажирање од 18 (осумнаесет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Крушево.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 18 месеци.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата Општинско корисна работа, ќе бидат работно ангажирани 40 (четириесет) работни часови неделно, при што за време на ангажманот, статусот на невработени лица останува непроменет и истите имаат обврска редовно да се пријавуваат во Центарот за вработување Крушево.
Право на учество во Програмата Општинско-корисна работа имаат евидентирани невработени лица, активни баратели на работа, со веќе стекнат сертификат за давател на услугата грижа и нега на стари и изнемоштени лица.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на Асистент за помош и поддршка на самостојно живеење – помош при извршување на инструментални активности – 2 позиции.
Заинтресираните невработени лица, Пријавa за учество во Програмата Општинско корисна работа можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево и Општина Крушево, во периодот од 05.03.2026 година до 11.03.2026 година, од 08:00 до 15:00 часот.
———————————————————————————————————————————————————-
Се повикуваат сите стари и изнемоштени лица кои живеат сами, односно со својот брачен другар и на кои им е потребна грижа и лица со намален функционален капацитет кои имаат потреба од поддршка, да се вклучат во програмата Општинско корисна работа, проект на општина Крушево „Поддршка на заедницата” како крајни корисници на услугата помош/поддршка во извршување на инструментални активности од секојдневниот живот и тоа: со цел унапредување на квалитетот на живот на старите и изнемоштени лица и нивна инклузија.
Корисниците поддржани со Програмата Општинско корисна работа кои ќе бидат избрани, се предвидува горенаведените услуги да ги користат во период од осумнаесет месеци.
Заинтресираните лица, Пријава/Барање за учество во Програмата Општинско корисна работа можат да поднесат во Општина Крушево, во периодот од 05.03.2026 година до 13.03.2026 година.
ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ, ЗА ДВАТА ПОВИЦИ, МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ЛИНКОВИТЕ ВО ОБЈАВАТА ИЛИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНА КРУШЕВО
