С О О П Ш Т Е Н И Е З А Ј А В Е Н У В И Д на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктура – локален пат од приклучок со Р1306 (Крушево) до манастир Св. Спас (L~3,1km) и од манастир Св. Спас до манастир Св. Василиј (L~1,7km), општина Крушево
Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02 и 84/20) и („Службен весник на РСМ“ бр. 202/24) и член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2024 година бр. 08-64/8 од 18.01.2024 година и Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година на општина Крушево, бр. 08-1077/12 од 29.11.2024, донесени од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е З А Ј А В Е Н У В И Д
на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктура – локален пат од приклучок со Р1306 (Крушево) до манастир Св. Спас (L~3,1km) и од манастир Св. Спас до манастир Св. Василиј (L~1,7km), општина Крушево
Се организира јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктура – локален пат од приклучок со Р1306 (Крушево) до манастир Св. Спас (L~3,1km) и од манастир Св. Спас до манастир Св. Василиј (L~1,7km), општина Крушево.
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктура, е локален пат од приклучок со регионален пат Р1306 (Крушево) до манастир Св. Спас (L≈3,1км) и од манастир Св. Спас до манастир Св. Василиј (L≈1,7км), КО Крушево вон град, Општина Крушево. Проектниот опфат има вкупна должина од 4757,39м (L≈4,8км) и површина од 64786,44м² (П≈6,48ха).
Јавниот увид ќе трае 15 денови, односно во периодот од 07.07.2025 година до 22.07.2025 годинa.
Јавниот увид се организира со излагање на проектот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, www.e-urbanizam.mk, а ќе биде објавена и на веб страната на општината, www.krusevo.gov.mk.
Во определниеот рок, јавноста може да достави забелешки во однос на проектот, на адреса на општина Крушево, во архивата во општина Крушево, како и на e-mail адреса:urbanizamkrusevo@yahoo.com.
Пристигнатите забелешки ги разгледува Комисијата за урбанизам од член 38 од Законот за урбанистичко планирање, која составува записник со образложенија за прифатени и неприфатени забелешки, што се објавува на веб страната.
Општина Крушево – Градоначалник, м-р Томе Христоски