Пријавете се на Повикот за Локално собрание на млади

Иницијативниот одбор формиран во општина Крушево објавува Јавен повик за делегати и заменик-делегати во Локалното собрание на млади на општина Крушево.
Локалното собрание ќе има обврска да објави Повик за членови на Локален младински совет и преку непосредни избори да го избере идниот состав на Советот.
Сите млади од општина Крушево на возраст од 15 до 29 години имаат право да се пријават на повикот, но истите треба да бидат номинирани од младинска организација, организација за млади, политички подмладок, студентски и ученички организации и други облици на младинско здружување.
Јавниот повик и потребните документи се достапни на документите подолу.