Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета
Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02 и 84/20) и („Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 50 и член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2024 година бр. 08-64/8 од 18.01.2024 година и Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година на општина Крушево, бр. 08-1077/12 од 29.11.2024, донесени од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за предлог УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Нов 10(20) kV кабелски вод низ КП бр.1556, КП бр.474/1, КП бр.490 (КО Пуста Река) – Општина Крушево и нова БСТС 10(20)/0,4 kV; 160 kVa на дел од КП бр.490
Се организира јавна презентација и јавна анкета за предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план Нов 10(20) kV кабелски вод низ КП бр.1556, КП бр.474/1, КП бр.490 (КО Пуста Река) – Општина Крушево и нова БСТС 10(20)/0,4 kV; 160 kVa на дел од КП бр.490.
Границата на плански опфат претставува затворена линија со прекршни точки. Должина на трасата изнесува 198m и истата претставува линија со прекршни точки. Планскиот опфат има површина од околу 200.1m2 или 0.02ha.
Јавната анкета се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 30 денови, почнувајќи од 13.03.2025 година до 11.04.2025 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
Јавната презентација како стручно презентирање на планската документација се организира во рамките на јавната анкета и трае еден работен ден, а ќе се одржи на ден 28.03.2025 година, во 11:00 часот, во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23.
Предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план Нов 10(20) kV кабелски вод низ КП бр.1556, КП бр.474/1, КП бр.490 (КО Пуста Река) – Општина Крушево и нова БСТС 10(20)/0,4 kV; 160 kVa на дел од КП бр.490, во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево.
Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Потребните документи може да ги погледнете на следните линкови:
Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета