Велоспедска патека во Крушево, презентација на елаборат
Почитувани,
Во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација“ ќе се претстави елаборат за изработка на велосипедска патека (даунхил). Презентацијата ќе се одржи во четврток, 14.12.2023г., во ООУ „Никола Карев“ Крушево со почеток во 13 часот.
Преку оваа јавна консултација ќе се претстави структурата на велосипедската патека, како истата ќе изгледа, значењето за туризмот и самиот проект и елаборатот изработен за патеката.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, спортисти, туристички работници да ја проследат презентацијата и да се запознаат одблиску со изработката на патеката.
Со почит,
Општина Крушево.