С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за градска четврт 2, 3, 4, 5, 7, 8 и 10, општина Крушево
Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и точка 5 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови за 2020 година, бр. 44-10631/1 од 24.11.2020 година и Годишната програма за изработка на урбанистички планови за 2021 година, бр. 40-418/1 од 16.01.2021 година, донесени од Владата на Република Северна Македонија и Програмата за урбанистичко планирање на општина Kрушево за 2020 година, бр. 08-1396/16 од 30.12.2019 година, Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2021 година, бр. 08-1322/11 од 29.12.2020 година, Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2022 година, бр. 08-1328/11 од 28.12.2021 година и Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2023 година, бр. 08-1407/10 од 27.12.2022 година, донесени од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево организира јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за градска четврт 2, 3, 4, 5, 7, 8 и 10, општина Крушево.
Јавната анкета се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, а ќе трае 17 денови, почнувајќи од 02.12.2023 година до 18.12.2023 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам.
Јавната презентација како стручно презентирање на планската документација се организира во рамките на јавната анкета и трае еден работен ден, а ќе се одржи на ден 12.12.2023 година, во 11:00 часот, во просториите на Горна училишна зграда (старо школо Никола Карев).
Планскиот опфат на Деталниот урбанистички план за Градска четврт 2, 3, 4, 5, 7, 8 и 10, Општина Крушево е оформен од 717 градежни парцели, од кои 2 се со намена Д4-Меморијални простори и Гробишта, 1 е со намена Д3-Спорт и рекреација-спортска сала, 1 е со намена В1-Образование и наука-гимназија, 18 се со намена Г2-Мало стопанство и Г3-Сервиси, 6 се со намена Б1-Мали комерцијални и деловни намени, 4 се со намена Б4-Канцелариски и деловни простори, 3 се со намена Б5-Хотелски комплекси, 3 се со намена Е2-Комунална супраструктура и останатите се со намена А1-Домување во станбени куќи и Д1-Парковско зеленило.
Вкупната површина во границите на планскиот опфат изнесува 86,86 ха.
Деталниот урбанистички план ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23.
Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица, во предвидениот рок на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки или предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во општина Крушево, соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.