Јавна анкета по Елаборат за воспоставување на пешачки и велосипедски патеки на територијата на Општина Крушево
Врз основа на член 6,став (9) од Законот за планинските патеки („Службен весник на РМ“, бр.38/14 ), Општина Крушево организира ЈАВНА АНКЕТА по Елаборат за воспоставување на пешачки и велосипедски патеки на територијата на Општина Крушево.
Анкетните листови се подигнуваат од Општина Крушево и од интернет страницата на Општина Крушево, а се доставуваат во Општина Крушево, канцеларија бр.19 и по електронска пошта на sotir.gabeloski@krusevo.gov.mk, во рокот предвиден за доставување на забелешки и мислења.
За повеќе информации следете ги линковите подолу.
Јавната анкета е во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација дел од Прекугранична програма Република Северна Македонија – Република Албанија во рамки на Пред пристапен инструмент, алокации од 2018 – 2020 година.