Јавна расправа за ПУЖССА за реконструкција на ул. Коча Миленку и Матак
Општина Крушево и Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка го имплементираат проектот за реконструкција на дел од улица „Коча Миленку“ и дел од улица „Манчу Матак“ и по тој повод се покануваат граѓаните на општина Крушево на јавна расправа/консултација по однос на Планот за заштита на животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) за Проектот “Реконструкција на локална улица „Коча Миленку “ и дел од локалната улица „Манчу Матак“ во Град Крушево, Општина Крушево” во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ.
Средбата со граѓани ќе се одржи на 24.11.2023г., петок, во ОУ „Никола Карев“(долно училиште) со почеток во 11 часот.
На средбата ќе се дискутира за процесот на реконструкција и ќе се презентира погоренаведениот план по кој ќе се даваат предлози.
Во прилог на оваа објава се прикачени Планот за заштита на животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) за Проектот “Реконструкција на локална улица „Коча Миленку “ и дел од локалната улица „Манчу Матак“ во Град Крушево, Општина Крушево”, формулар за доставување предлози, дневен ред за јавната расправа/консултација и Известување.
По јавната расправа во продолжение можете да ја погледнете конечната верзија на Планот за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА). Во документот се вклучени сугестиите на граѓаните и е објавен записник од спроведената консултација.