„Парафискални давачки: мало делче од сложувалката на конкурентноста“
Во Скопје беше одржан Економскиот форум „Парафискални давачки: мало делче од сложувалката на конкурентноста“ на кој општина Крушево доби јавно признание од Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки, проект поддржан од ЕУ.
Продолжуваме да ги трошиме јавните пари од граѓаните разумно, домаќински, транспарентно и отчетно, но во исто време да креираме развоен буџет.
Ова е признание за мојот тим и сите мои сограѓани крушевчани кои го поддржуваат развојот на нашата општина Крушево!