13 меморијален меѓународен турнир во мал фудбал ,,Тоше Проески 2023

Успешно е завршен 13 меморијален меѓународен турнир во мал фудбал ,,Тоше Проески 2023″.

На турнирот учество зедоа екипите на Општина Крушево, Општина Нова Градишка, Хрватска, НЛБ Банка Скопје, Комерцијална Банка, Корча Албанија, Браќа Манаки.

Како локална самоуправа ќе продолжиме да ги поддржуваме спортските настани, а Меморијалниот турнир во мал фудбал е одлична можност да се потсетиме на фер плејот и спортскиот дух – особини што ги поседуваше и Тоше Проески.