Посета на ЕУ Н.Е. Дејвид Гир
Амбасадорот на ЕУ Н.Е. Дејвид Гир беше почесен гостин во Општина Крушево, со цел посета на инвестициите кои што се реализирани со помош на Европската Унија и кои за нас се многу важни. Во таа насока ќе продолжиме да ја интензивираме соработката со нашите партнери од Европската Унија.
Крушево е признаена туристичка дестинација во меѓународни рамки за љубителите на адреналинот и алтернативниот туризам како од земјава, така и од странство и како потврда за тоа е добиениот проект од ЕУ за прекугранична соработка со Елбасан. Проектот во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Албанија, “Крушево и Елбасан – признаена туристичка прекугранична дестинација” има за цел да креира една заедничка туристичка понуда и како што вели самиот наслов создавање на една прекугранична препознатлива дестинација.
Со помош на овој проект нашиот градот нуди содржини по примери на многу балкански и европски дестинации при што посетеноста се зголемува,а тоа се должи на реализацијата на активностите како:
-Изградба на паркинг на полетувалиштето на Мечкин камен
-Поставување на две мерни станици
-Оспособување на патека за „даунхил“
-ЛЕД осветлување на градот
-Заедничка промоција на Крушево и Елбасан (посета на саеми, консолидирана интернет промоција и др.)
-Промоција и поддршка за угостителскиот сектор.