Програма за месец јуни Крушево – град на културата за 2023

Програмата за месец јуни за Крушево – Град на култура за 2023 година е исполнета со бројни и одлични содржини, многу историски, музички, културни, театарски настани преку кои ги опфативме сите генерации.

Гарантираме одлични впечатоци, а како резултат на тоа ќе биде огромната посетеност на сите содржини и настани.

Продолжуваме и понатаму да го негуваме историското минато, културата, традицијата и традиционалните вредности на Крушево, на моите крушевчани.