Опрема за гаснење на шумски пожари.
Безбедни и опремени пожарникари, за безбедни граѓани!!!
Градоналникот Томе Христоски ги посети вработените во ТППЕ Крушево и им врачи опрема за гаснење на шумски пожари.
Општина Крушево ја зајакнува техничката опременост, досега повеќекратно го унапреди статусот на нејзините припадници, постојано ги подобруваме состојбите во во ТППЕ Крушево, затоа што огнената стихија има застрашувачка природна сила која мора да се скроти, а за да се совлада еден таков противник покрај храброста на пожарникарите треба знаење, умешност и соодветна опрема.