,,Саем за храна и пијалоци во Крушево”
Градоначалникот Томе Христоски потпиша Договор за користење на техничка поддршка за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во РСМ за манифестацијата ,,Саем за храна и пијалоци во Крушево”.
Сите локални манифестации ја слават храната- она што ни е дар од природата, ја слават традицијата – она што ни е наследство од нашите баби и дедовци, го слават животот- она што ни е дар од Бога. За да остане запишано во нашата колективна меморија, во нашите гени, дека животот под ова сонце е привилегија.