МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ USAID И ОПШТИНА КРУШЕВО

Општина Крушево е избрана за партнер општина со УСАИД

🇲🇰🤝🇺🇸 Денес ја продолжуваме соработката со Амбасадата на САД преку потпишување на менорандум за соработка со USAID.

Општина Крушево беше избрана за партнер на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Овој проект има за цел зголемување на сопствените извори на финансирање, како и надворешно финансирање на општината, зголемено ниво на извршување на буџетот и подобрување на процесот на децентрализација.

Овој проект ќе се спроведува во период од 18 месеци со однапред договорен акциски план.

🇲🇰🤝🇺🇸 Ја продлабочуваме и ја дефинираме взаемната соработка со нашите стратешки партнери.