Средба со амбасадорката на Црна Гора во Северна Македонија Н.Е. Марија Петровиќ
На средбата се дискутираше за Европската иднина на двете земји, развивањето на туризмот со помош на инвестициите, а беше и констатирана потребата од поголема регионална соработка со стопанските комори за развој на Крушево и пелагонискиот плански регион.
Средбата беше иницирана од страна на амбасадорката заради конкретна идна заедничка соработка на општинско и државно ниво.