Решение за експропријација и спроведување во Катастар на локалниот пат од с.Врбоец до с.Кривогаштани и од с.Врбоец до с.Св.Митрани
Градоначалникот Томе Христоски го потпиша Решението за експропријација и спроведување во Катастар на локалниот пат од с.Врбоец до с.Кривогаштани и од с.Врбоец до с.Св.Митрани.
Проектот за реконструкција на локалниот пат го аплициравме кон Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој на кој повик очекуваме позитивно да биде истиот одобрен.
Општина Крушево ќе продолжи да се гради и развива рамномерно како во градот така и во сите населени места од општината.