Посета на спортска сала
Kрушево денес е препознаена туристичка дестинација за љубителите на адреналинот и алтернативниот туризам како од земјава, така и од странство и се радувам што за ова допринесува и програмата за поддршка на локалната и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРК) финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија.
Со реконструкцијата на спортската сала со околу 45 милиони денари, обезбедени од ЕУ и Владата, Крушево ги привлекува националните тимови и клубовите на висински подготовки но и другите туристи кои ги привлекуваат содржинитекои ги имплементиравме како што се поставена карпа со ѕидови за болдеринг и клајмбинг, но и обележените велосипедски патеки со вкупна должина од 40 км.