Концерт на музичка група ЕFTERKLANG

МКЦ и општина Крушево ве кани денес на концерт на музичката група ЕFTERKLANG на 30 април во прекрасното Крушево!

Не го пропуштајте овој единствен и магичен музички повик за будење на пролетта во едно од најпезажните места во нашата прекрасна држава. Да сме таму, да отпатуваме✨

Музичката група EFTERKLANG од Копенхаген, Данска ќе престојува на музичка резиденција во Скопје од 23-29 април, каде во текот својот престој, во соработка со неколку локални музичари кои допрва ќе ги најавиме, ќе работат на заедничка музика. Музичкото дело, премиерно ќе биде изведено на 30 април (недела) во Крушево, пред споменикот Македониумот, таман на зајдисонце.