Специјална смотра на шарпланинци и коњи

Огромна е честа да се биде дел од настан кој го носи името на нашиот Тоше Проески. Денес се одржа специјалната смотра на шарпланинци и коњи ,,Меморијал Тоше Проески”, кој претставува надополнување на туристичката понуда во Крушево и значително влијае врз промоцијата на активниот туризам.

Заедно со другите чинители, Општина Крушево го поддржа овој настан со скромна финансиска помош, со просторни и човечки ресурси.

Искрена благодарност за укажана чест, продолжуваме со нашата соработка во насока на развој и унапредување на ваков вид настани.