Нови штедливи 200 лед светилки

Крушево е и ќе биде уште поубаво!

Градиме успешна приказна за нашето Крушево призната од ЕУ.

Преку проектот од ЕУ за прекугранична соработка со градот Елбасан, Р.Албанија, поставуваме нови штедливи 200 лед светилки кои ги поставуваме низ главната сообраќајница, до сите знаменитости низ градот.Со нив ја подобруваме осветленоста во Крушево, а со тоа безбедното како и нормално одвивање во сообраќајот.

Повисоко ниво на заштеда и намалување на потрошувачката на електрична енергија за јавното осветлување.Се трудиме рационално да ги искористиме енергенсите во овој период.