Крушево под слоганот „Жив тестамент на културата„ е град на културата
Градот Крушево официјално е прогласен за град на културата за оваа година. Ова беше соопштено на прес конференција која се одржа во Спомен куќата на Тоше Проески на која зборуваа министерката за култура и градоначалникот на Крушево.
Оваа престижна улога која ја добива градот е потврда за богатото културно наследство на Крушево, уметничка сцена која оттука произлегла и неговата посветеност на промовирање и славење на културната различност и денес и низ годините.