Работилница за ,,Одржливи енергетски политики за одржлив развој на локално ниво”
За прв пат во Крушево во хотел Панорама од 23-25 февруари 2023 година ќе се одржи работилница за ,,Одржливи енергетски политики за одржлив развој на локално ниво”. Работилницата е организирана од страна на Friedrich Ebert Stiftung.
Ќе размениме искуства, знаења и креирање на промени за одржливите енергетски политики и иновативни концепти за производство на чиста, ефтина и достапна енергија обезбедуваат алтернативни можности за развој и вклучување на граѓаните во енергетската транзиција на локално ниво.
Ќе бидат присутни докажани експерти, истражувачи и професори на темата, како од Република Северна Македонија, така и од странство, вклучувајќи екперти од Хрватска, професори од Универзитетот во Манчестер, а и Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски.