Парична помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Општина Крушево и денеска, како и многу пати досега, ја покажа својата хуманост, кога се во прашање човечки животи.

Советот на Општина Крушево едногласно ја поддржа Одлуката со која од Буџетот на Општината ќе се издвојат 100 000 денари, како парична помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Хуманоста е една од најплеменитите човечки особини. Она што за нас значи малку, за некого значи живот!