Реконструкција на кровна конструкција и фискултурна сала во ОУ Никола Карев
Согласно Програмата за изградба и реконструкција на Основни училишта за 2023 година обезбедени се средства во висина од 7.970.833,000 денари за Реконструкција на кровна конструкција и фискултурна сала во ОУ Никола Карев.
Создаваме услови за учениците кои сега се образуваат, исто така и за идните генерации кои ќе се образуваат во ова училиште. Голем предизвик, но и одговорност е да се обезбедат современи, ефикасни и безбедни услови за учење. Со реконструкцијата на кровот на училиштето и фискултурната сала ќе се подобрат физичките услови за реализирање на воспитно-образовниот процес. Нашите ученици и наставници ќе бидат посреќни, позадоволни и помотивирани за постигнување на нови успеси и признанија.
Остваруваме уште еден значаен и голем проект и останува посветени на целта за добросостојба на сите жители во Општина Крушево.
Изразувам голема благодарност за поддршката што постојано ја добиваме од Владата на РСМ и на тој начин ја негуваме и зајакнуваме врската меѓу централната и локалната власт!