Технички преглед на паркинг простор на полетувалиштето за параглајдеристи во Крушево
Денес се изврши технички преглед на паркинг просторот. Паркинг простор како дел од „полетувалиште за параглајдеристи и придружни содржини“ е речиси 100% завршен.
Основната цел на овој проект е со новопроектираното сообраќајно решение да се обезбеди безбеден и непрекинат динамичен сообраќај, зголемување на квалитетот на паркинг услугата, зголемување на искористеноста на секое паркинг место, односно обртот и измената на паркирањето и зголемување на нивото на безбедноста на сообраќајот во подрачјето каде е изграден паркингот.
Предвидени се 38 паркинг места за патнички автомобили од кои 2 за инвалидизирани лица, 4 паркинг места за комби возила и 3 паркинг места за моторцикли. До паркинг просторот е предвидена и автобуска постојка.
Овој паркинг ќе биде со исклучително значење поради својата местоположба и честиот сообраќаен метеж кој се создава во овој дел, особено во периодите кога се одржуваат натпреварите во параглајдерство. Со новата патна инфрастуктура, сообраќајната сигнализација ќе придонесеме кон разубавување на градот, иновативност и секако, подобрување на локалната економија.
Паркингот е изграден во рамките на проектот „Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација“ финансиран од Европската Унија.