Започнува изградбата на пристапна локација (паркинг) на полетувалиштето за параглајдинг

Започнува изградбата на пристапна локација (паркинг) на полетувалиштето за параглајдинг. Овој инфраструктурен зафат е дел од проектот „Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски направи увид во почетните активности и порача дека целиот проект е многу важен за општина Крушево и развојот на туризмот.

„Догодина на ова место ќе се одржи Светско првенство за параглајдинг и изградбата на паркингот е од особено значење. Проектот во соработка со Република Албанија навистина создава една прекугранична препознатлива туристичка дестинација.“, изјави Христоски.

„Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“ е дел од програмата „Прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија – Република Албанија Инструмент за пред пристапна поддрша (ИПА 2) – 2018 2020“. Вредноста на целосниот проект е 740 000 евра.

Вредноста на изградбата изнесува 6.199920,50 денари, а за надзор на проектот 335.000,00 денари.