Имплементацијата на терен започна – „Крушево и Елбасан – препознатлива прекугранична туристичка дестинација“

Општина Крушево го имплементира проектот „Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“ кој има за цел да ја подобри туристичката инфраструктура во двете општини и да создаде еден привлечен прекуграничен производ.

Целосниот проект вреди 740 000 евра и се имплементира заедно со општина Елбасан, Албанија и организациите АЛКА, Северна Македонија, и Тјетер Вижн, Албанија.

Активностите се во тек и општина Елбасан веќе работи на изградба на полетувалиште за параглајдинг и туристички инфо центар, а општина Крушево се подготвува за изградба на пристапна локација (паркинг) до полетувалиштето за параглајдинг.

„Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“ е дел од програмата „Прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија – Република Албанија Инструмент за пред пристапна поддрша (ИПА 2) – 2018 2020“. Вредноста на целосниот проект е 740 000 евра.