Започна изградба на полетувалиште за параглајдинг и туристички инфо центар во Елбасан
Во општина Елбасан започна изградба на полетувалиште за параглајдинг и туристички инфо центар во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“.
Активностите се во тек, а во општина Крушево се очекува да започне изградбата на пристапна локација до полетувалиштето за параглајдинг, во рамки на истиот проект.
„Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“ е дел од програмата „Прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија – Република Албанија Инструмент за пред пристапна поддрша (ИПА 2) – 2018 2020“. Вредноста на целосниот проект е 740 000 евра.