Се реконструира кровот на ОУ „Никола Карев“
Продолжува реконструкцијата на кровот на ООУ „Никола Карев“ Крушево. Кровот е стар повеќе од 40 години, а неговата реконструкција ќе придонесе за надминување на протекувања во фискултурната сала и училниците.
Во рамки на овој проект финансиран од Министерството за образование ќе се реконструира и фискултурната сала во училиштето. Проектот треба да заврши до крајот на 2022-ра година.
Кон крајот на 2021-ва година се реновираше училиштето во с. Борино, а општината изработува основни проекти за реновирање на уште неколку подрачни училишта.