Стотина учесници на пред Светски куп во параглајдинг, над 3 000 туристи летово само од параглајдинг
Во тек е параглајдинг првенството Пред светски куп Флајмастер опен со околу 100 учесници. Со учесници од повеќе држави од Европа првенството ќе трае до 10-ти јули.
„Ова е она за што работевме. Имаме поголемо полетувалиште кое овозможува одржување на големи првенства плус услови за рекреативни параглајдеристи кои истовремено го користат. Тука градиме и објект и генерално ги подобруваме условите, а резултатите ги гледаме ова лето. Летото навистина е исполнето со настани и многу странски туристи.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Ова лето само преку параглајдеризмот општина Крушево очекува повеќе од 3 000 туристи.
По завршувањето на ова првенство од 14-ти јули ќе започне „Светски куп Крушево 2022“.